Достапни линкови

Почина таткото на „пинг-понг дипломатијата“


Кинескиот комунистички лидер Мао Це-тунг и американскиот претседател Ричард Никсон на средба во Пекинг на 22 февруари 1972 година.

Кинескиот комунистички лидер Мао Це-тунг и американскиот претседател Ричард Никсон на средба во Пекинг на 22 февруари 1972 година.

Трикратниот светски шампион во пинг-понг и поранешен кинески министер за спорт Жуанг Це-тунг почина на 73 години. Жуанг во 1971 година му подари уметничка слика на американскиот пинг-понгар Глен Кауан, по што дојде до затоплување во американско-кинеските односи и од таму потекна фразата „пинг-понг дипломатија“.

Кауан го испуштил неговиот тимски автобус на светското првенството во Нагоја, во Јапонија, и бил повезен со кинескиот тимски автобус. И покрај предупредувањата од неговите соиграчи да не контактира со Американецот, Жуанг му подарил на Кауан слика „за да го одбележи пријателството на кинескиот народ со американскиот народ“.

Кинескиот комунистички лидер Мао Це-тунг чул за настанот и го повикал американскиот пинг-понг тим на натпревар во Кина. Една година подоцна, американскиот претседател Ричард Никсон стана првиот американски претседател што ја посетил Кина.
XS
SM
MD
LG