Достапни линкови

Нови антикризни мерки - Отпис на долгови за пензиско и здравствено


Министерот за финансии Зоран Ставрески.

Министерот за финансии Зоран Ставрески.

Отпис на долгови по однос на обврски од пензиско и од здравствено осигурување заради поддршка на ликвидноста во стопанството и надминување на последиците од светската економска криза е целта на новите мерки што ги донесе Владата. Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески денеска рече дека според двата нови предлог закони, едниот за пензиско и другиот за здравствено осигурување, се овозможува на фирмите што ќе си го платат заостанатиот долг за пензиско осигурување да им се отпишат каматите. На оние фирми, пак, што навреме ќе плаќаат здравствено осигурување во наредните три години, ќе им биде простен долгот и каматите направен пред 2009 година.
XS
SM
MD
LG