Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ - Андреј Петров не е во тек со постапките на СДСМ


ВМРО-ДПМНЕ смета дека изјавата на генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров дека партијата ќе оди докрај со бојкотот на локалните избори е резултат на неговата неинформираност со она што таа веќе го презема.

„Изјавата на Андреј Петров во делот каде што кажува дека се покомпактни од било кога и дека ќе одат до крај со бојкотот на локалните избори, не му ја земаме за зло, бидејќи очигледно тој не е во тек со постапките кои СДСМ веќе ги презема“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Петров дадена по завршувањето на караванот на отпорот што го организра опозицијата денеска во Скопје.
XS
SM
MD
LG