Достапни линкови

Расмусен - Кратењата на буџетите може да ја намалат моќта на НАТО


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен предупреди дека кратењата на буџетите за одбрана поради економската криза може да ја поткопаат моќта на Алијансата. Претставувајќи го годишниот извештај на НАТО, на денешната прес-конференција во Брисел Расмусен рече дека „безбедносните закани нема да исчезнат“ додека членките на НАТО се обидуваат да си ги средат економиите. Тој рече дека гледано во целина инвестициите на НАТО во модерни капацитети е зголемено во последните години, но додаде дека растечката нееднаквост меѓу земјите членки може да ја ограничат моќта за заедничка работа на сојузниците. Тој предупреди дека ако трошоците за одбрана на членките на НАТО продолжат да се намалуваат додека земјите во развој вложуваат сè повеќе во нивните вооружени сили, воениот капацитет и политички кредибилитет на Алијансата може да бидат доведени во ризик.
XS
SM
MD
LG