Достапни линкови

logo-print

САД жалат што Русија го прекина договорот за борба против дрогата


Портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд.

Портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд.

САД соопштија дека жалат за одлуката на Русија да го прекине билатералниот договор за соработка во спроведување на законот и борба против дрогата. Портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд оцени дека потегот е „самоуништувачки“. Руската влада претходно соопшти дека договорот „не се однесува на моменталната реалност и го искористил својот потенцијал“. Според договорот од 2002 година, Вашингтон обезбеди финансиска помош за борбата на Москва против шверцот со дрога и други видови криминал, вклучувајќи трговија со луѓе, интернет криминал, перење пари, корупција и тероризам. Откажувањето од договорот доаѓа по неодамнешното влошување на односите меѓу САД и Русија. Претседателот на Комисијата за меѓународни односи во руската Дума Алексеј Пушков рече дека Москва е во процес на „кажување збогум на нашата зависност“ од Вашингтон.
XS
SM
MD
LG