Достапни линкови

logo-print

ЕУ - бидете одговорни и решете ја кризата


Илустрација.

Илустрација.

Првиот чекор кој треба да го преземе политичкото лидерство во земјава е да ја преземе одговорноста и да го реши проблемот. Значи вратата не е затворена, но сè зависи од одговорот на властите како ќе се справат со оваа криза, вели холандската амбасадорка во Македонија Мариет Схурман.

Во услови на политичка криза која сè повеќе се продлабочува, пред сè поради отсуството на политички дијалог меѓу власта и опозицијата, сè погласни се пораките од меѓународната заедница. Пораки за итно изнаоѓање на решение со цел да се поправи нарушениот углед на државата, упатува и холандската амбасадорка во земјава, Мариет Схурман, во неделното интервју за нашето радио.
Основниот принцип за почнување на преговарачки процес е да се има стабилни институции кои ќе го гарантираат владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Тоа што се случи го поткопува тоа и треба да се поправи. Тоа не може да биде игнорирано од Европската унија и НАТО. Мислам дека првиот чекор кој треба да го преземе политичкото лидерство во земјава е да ја преземе одговорноста и да го реши проблемот. Значи вратата не е затворена, но сè зависи од одговорот на властите како ќе се справат со оваа криза.

„Настаните од 24 декември предизвикаа огромна штета и таа треба да се поправи. Прво, предизвикаа штета за имиџот на Македонија и второ, што е уште поважно, во однос на довербата на граѓаните во нивните демократски институции и токму тоа треба да се среди. Прво преку политички дијалог, но можеби поважното е преку обид да се врати довербата на граѓаните во нивниот демократски систем и институции“, вели амбасадорката Схурман.
Мариет Схурман, амбасадорка на Холандија во Македонија.

Мариет Схурман, амбасадорка на Холандија во Македонија.


Меѓу другото, таа додава дека политички дијалог не е само седнувањето на маса и повторување на пораките кои веќе се кажани без да се слушне мислењето на другиот. Дијалог, вели таа, е активно слушање во обидот да се бара и најде заедничко решение и токму тоа граѓаните го очекуваат од нивните политички лидери. Холандската амбасадорка потврдува дека продолжувањето на политичката криза ќе се одрази на македонските евроинтеграции.

„Значи, основниот принцип за почнување на преговарачки процес е да се има стабилни институции кои ќе го гарантираат владеењето на правото и почитувањето на човековите права. Тоа што се случи го поткопува тоа и треба да се поправи. Тоа не може да биде игнорирано од Европската унија и НАТО. Мислам дека првиот чекор кој треба да го преземе политичкото лидерство во земјава е да ја преземе одговорноста и да го реши проблемот. Значи вратата не е затворена, но сè зависи од одговорот на властите како ќе се справат со оваа криза“, вели Схурман.

По ненајавената посета на еврокомесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе, вчера стигна порака и од него.

„По природа сум оптимист и се надевам дека владата и опозицијата со поддршка на претседателот ќе бидат во можност да најдат решение на настаните кои се случија по 24 декември, за да можам да го зачувам оптимизмот на исто ниво на кое беше пред божиќниот период“, рече Филе во Старзбур.

Претходно, Скопје го посети и директорот на директоратот за проширување на ЕУ, Стефано Санино, кој по средбите со релевантните политички претставници во земјава си замина без да даде изјава.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG