Достапни линкови

logo-print

Пентагон ја укина забраната жени да учествуваат во борбени дејствија


Илустрација.

Илустрација.

Пентагон ја укина 18-годишната забрана за жени да учествуваат во борбени дејствија. Американското министерство за одбрана соопшти дека ја укинува одлуката од 1994 година која забранува жените во армијата да бидат распоредени во единици што може да влезат во директна борба, како што е пешадијата. Секретарот за обрана Леон Панета изјави дека целта на оваа одлука е да овозможи во мисиите да учествуваат најквалификуваните и најспособни луѓе, без разлика на полот.
XS
SM
MD
LG