Достапни линкови

Наскоро средба Николиќ - Јахјага


Првата средба во историјата меѓу претседателите на Србија и на Косово ќе се случи многу брзо во Брисел, изјави денеска косовскиот претседател Атифете Јахјага.
Средбата ќе даде значителна поддршка за преговарачкиот процес, кој го водат двете земји, и за реализација на постигнатите договори, нагласи Јахјага.
Претходно, советникот на косовскиот претседател Рамуш Тахири истакна дека средбата на двајцата претседатели е планирана за февруари или почетокот на март.
XS
SM
MD
LG