Достапни линкови

Глобалното затоплување ги намали глечерите за 50 насто


Глечерите на Андите во Јужна Америка се намалени за 30 до 50 отсто од 1970 како резултат на климатските промени. Една нова студија покажува дека глечерите на Андите се повлекуваат со најголема стапка во последните 300 години. Антоан Рабател, авторот на студијата, го нарече повлекувањето на глечерите во Андите во текот на последните три децении процес "без преседан". Истражувачите, исто така, предупредуваат дека натамошното глобално затоплување би можело целосно да ги избрише помалите глечери кои се наоѓаат на пониските височини од планините. Глечерите на Андите се витален извор на свежа вода за десетици милиони Јужноамериканци.
XS
SM
MD
LG