Достапни линкови

Романија - Истрага за „фашизам и расизам“


Илустрација: Роми во Романија.

Илустрација: Роми во Романија.

Романското обвинителство почна истрага во врска со повикот на локалната екстремистичка организација „НАТ 88“ Ромките да се стерилизираат. Истрагата треба да утврди дали е извршена „пропаганда врз фашистичка и расистичка идеологија“, што според закон се казнува, наведува обвинителството во Темишвар. На почетокот на неделата националистичката и екстремистичка група „НАТ88“, со седиште во Темишвар, на својот сајт објави дека предлага „награда од 300 леи(68 евра) на секоја Ромка од Банат, која ќе покаже документ од лекар дека во текот на 2013 година доброволно се подложила на стерилизација“. Во Романија живее најмногубројната ромска заедница во Европа. Според последниот попис, во оваа земја има околу 620.000 Роми, иако нивните лидери тврдат дека се два милиона. Мнозинството од нив живеат во крајна сиромаштија и се подложени на дискриминација.
XS
SM
MD
LG