Достапни линкови

logo-print

Брахими: Владеењето на Асад е предолго


Специјалниот претставник на ОН и Арапската Лига во Сирија Лахдар Брахими за новинската агенција Ројтерс изјави дека не е верува оти Башар Ал Асад треба да добие улога во транзициската влада која може да биде дел од решението за сириската војна. Тој претходно изјави дека 40 годишното владеење на семејството Асад со Сирија е предолго и време е за промени. Башар Ал Асад ја презема власта во 2000-тата година по 30 годишното владење на неговиот татко.
Брахими во петок ќе се сретне со американски и руски претставници со кои ќе разговара за ситуацијата во Сирија.
XS
SM
MD
LG