Достапни линкови

Беснеат пожари во Јужен Велс


Пожарите ширум најнаселената австралиска држава се надвор од контрола, соопштуваат официјалните власти. Високата температура и топлиот ветар ги активира пожарите и предизвикува катастрофална ситуација, јавуваат медиумите. Изминатата ноќ во Нов Јужен Велс имало повеќе од 140 шумски пожари од кои околу 40 се ставени под контрола.
Состојбата може да биде и полоша, оти се соочуваме со катастрофа, изјави комесарот на пожарникарската служба во Сиднеј, Шејн Фицимонс.
Властите препорачуваат брза евакуација на населението за да не се повтори сликата од 2009 година кога во бурата пожари загинаа 173 лица.
XS
SM
MD
LG