Достапни линкови

logo-print

Силен земјотрес ја погоди Аљаска


Укинато предупредувањето за можно цунами во делови од јужна Аљаска и Канада откако силен земјотрес го потресе регионот. Еден час откако беше издадено предупредувањето, тоа беше укинато. Американскиот Институт за геолошко истражување соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7,5 степени. Досега нема извештаи за штета од земјотресот.
XS
SM
MD
LG