Достапни линкови

Петрески - Ќе ја почитувам одлуката на СДСМ за бојкот на изборите


Градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

Градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

Актуелниот градоначалник на Охрид, кој најави дека ќе се бори и за нов мандат, Александар Петрески, денеска најави дека ќе ја почитува одлуката на неговата партија СДСМ за евентуално неучество на претстојните локални избори, закажани за март годинава. Тој лично смета дека избори ќе има, но нагласи дека доколку опозицијата не учествува на нив, тие нема да се одржат затоа што тоа не е добро за демократијата и води кон едноумие. Според него, власта треба да смогне сили и да ги прифати барањата на опозицијата за фер и демократски избори.

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид реагираат дека Петрески едвај чека да не се одржат локални избори затоа што тоа, според нив, е единствениот начин да го избегне неминовниот пораз.
XS
SM
MD
LG