Достапни линкови

Богов очекува подобрување на економијата во 2013 година


Архивска фотографија: Гувернерот Димитар Богов.

Архивска фотографија: Гувернерот Димитар Богов.

Годината што изминува, според гувернерот на Народната банка Димитар Богов, не беше толку лесна на економски план, но за наредната вели дека има подобри очекувања. Тој им порача на граѓаните дека Народната банка ќе преземе сè што е неопходно да ги минимизира ризиците со цел да ги обезбеди основните цели -
стабилни цени, ниска инфлација стабилен курс на денарот во однос на еврото и сигурност на депозитите во банките.

Клучните ризици за наредната година, како што рече, се неизвесноста која владее околу европската должничка криза.

Народната банка не очекува некои позначително нарушување во банкарскиот сектор.
XS
SM
MD
LG