Достапни линкови

logo-print

Ограничување на рецептите за антибиотици и седативи


Матичните лекари по Нова година ќе го ограничат бројот на издадени рецепти за седативи и антибиотици. Според претседателот на Здружението на приватни лекари-Штип Златко Стојменов, лимитирањето на препишување седативи и антибиотици е согласно одлуката на Фондот за здравствено осигурување што стапува во сила на 1 јануари, пренесува МИА.

„Лимитот за препишување на овие лекови е ограничен на околу 150 денари по пациент, спрема глобарината што ја имаат пациентите. Апелираме до сите пациенти кои без потреба или самоиницијативно ќе земат антибиотик или лек за смирување од аптеката, а потоа ќе отидат кај матичниот лекар за да го препишат, нема да добијат рецепт, бидејќи таа пракса мора да престане“, рече Стојменов.
XS
SM
MD
LG