Достапни линкови

logo-print

Германија ќе продолжи да му помага на Авганистан и по 2014 година


Германскиот претседател Јоаким Гаук на заедничка прес-конференција со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во Кабул.

Германскиот претседател Јоаким Гаук на заедничка прес-конференција со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во Кабул.

Германскиот претседател Јоаким Гаук ги уверува Авганистанците дека и по повлекувањето на меѓународните сили во 2014, неговата земја ќе продолжи да ги поддржува. Гаук побара од Авганистан да продолжi со реформите. Зборувајќи на заедничката прес-конференција со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во Кабул, тој рече дека демократизацијата мора да продолжи. Oсобено апелираше за еднакви права за жените во земјата. Германскиот претседател рече дека итно е потребен економски развој, но дека тоа е можно само ако има владеење на правото и доколку се почитува слободата на информирање. Ова e прва негова официјална посета на Авганистан. Тој ја посети германски база во Мазар е Шариф каде има од 2.000 од 4.500 германски војници.
XS
SM
MD
LG