Достапни линкови

Писмо со сочувство од Иванов до претседателот на САД Обама


Претседателот Ѓорге Иванов испрати писмо со сочувство до претседателот на САД Барак Обама, во кое изразува жалење за убиството на децата во масакрот во основното училиште во Њутаун, Конектикат.
- „Со голем шок и длабока потресеност ја примив веста за трагедијата во Њутаун. Без оглед на тоа каде живееме, ваквата трагична загуба на невини млади животи е уште еден потсетник дека мора да останеме заедно и силни во име на човечноста и да направиме сè за добросостојбата на нашите деца. Во овие мигови на длабока тага, дозволете ми во име на граѓаните на Република Македонија, да изразам искрено сочувство. Нашите мисли и молитви се со семејствата кои ги изгубија нивните сакани. Ве молам господине Претседател, изразите на длабоко сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите“, наведува Иванов во писмото до Обама
XS
SM
MD
LG