Достапни линкови

Хјуман рајтс воч -иранскoто граѓанското општество е подложено на репресија


Хјуман рајтс воч соопшти дека иранскoто граѓанското општество е подложено на „кампања на репресија“ по реизборот на Махмуд Ахмадинеџад за претседател во 2009 година. Во новиот извештај објавен денеска, Хјуман рајтс воч наведува дека репресијата е насочена кон опозицијата, активистите за човекови права и новинарите, уште од масовните протести што следеа откако Ахмадинеџад прогласи победа. Според организацијата, активистите биле подложени на „вонсудски убиства, тортура, произволно апсење и притвор и широко распространета повреди на правото за слободно собирање и изразување. Во извештајот исто така се наведува дека има пораст на бројот на Иранци кои бараат азил, односно во 2009-та 11.500 Иранци побарале азил, а минатата година бројот се зголемил на 18.000.
XS
SM
MD
LG