Достапни линкови

Египетската опозиција најави бојкот на референдумот


Египетската опозиција соопшти дека ќе ги повика граѓаните на бојкот на референдумот за контроверзниот предлог устав доколку судиите не го мониторираат процесот. Опозицијата бара учество и на меѓународни набљудувачи. Референдумот е закажан за 15 декември. Опозицијата тврди дека предлог уставот не ги гарантира правата за сите граѓани подеднакво и дека неправедно напишан од исламистичките сојузници на претседателот Мухамер Морси. Уставот беше и една од причините за неодамнешните масовни протести во земјата. Во меѓувреме египетската војска ги одложи планираните разговори со Морси и опозицијата.
XS
SM
MD
LG