Достапни линкови

Театарот за деца и младинци урива рекорди како Лео Меси


Театарската претстава "Волшебникот од Оз" на Театарот за деца и младинци во Скопје.
Театарската претстава "Волшебникот од Оз" на Театарот за деца и младинци во Скопје.

Со 212 одиграни претстави и проектирани 20.000 гледачи 2012 ќе биде рекордна година за Театарот за деца и младинци Скопје, ансамблот кој оваа сезона за „Волшебникот од Оз“ ја доби наградата за колективна игра на Меѓународниот фестивал на театри за деца во Суботица и кој во ова кризно време наместо да нуди попусти со месеци однапред ги распродава влезниците за своите проекти.

Во 23 годишната историја на Театарот за деца и младинци од Скопје 2012 ќе биде запаметена како година во која ќе бидат одиграни 212 претстави со што се надминуваат рекордите од 1999 кога таа бројка изнесувала 205 и наредната 2000 кога актерите од оваа театарска куќа дури 205 пати се искачувале на сцена.
Целта оваа година беше ако ништо друго барем да дојдеме до онаа фамозна бројка од 200 претстави, меѓутоа кога повлековме линија пред две-три недели и кога видовме што се досега сме одиграле, а што треба до крајот на годинава да одиграме како закажан термин, закажани претстави, видовме дека за седум претстави сме го срушиле рекордот што значи дека годинава ќе одиграме 212 претстави.
Драган Довлев, актер и директор на Театарот за деца и младинци.


Театарската претстава „Цветната улица“ на Театарот за деца и младинци во Скопје.
Театарската претстава „Цветната улица“ на Театарот за деца и младинци во Скопје.
„Целта оваа година беше ако ништо друго барем да дојдеме до онаа фамозна бројка од 200 претстави, меѓутоа кога повлековме линија пред две-три недели и кога видовме што се досега сме одиграле а што треба до крајот на годинава да одиграме како закажан термин, закажани претстави, видовме дека за седум претстави сме го срушиле рекордот што значи дека годинава ќе одиграме 212 претстави“, истакнува Драган Довлев, актер и директор на Театарот за деца и младинци. Тој дополнува дека таа бројка не е конечна оти очекуваат потврди за откуп на одредени претстави пред новогодишните празници и дека паралелно со овој се срушени и некои други рекорди.

„Овој резултат повлекува рушење и на некои други рекорди, малку во шега пред некој ден кажав дека сме станале како Лео Меси кој исто така во својата категорија руши рекорди, значи сме го срушиле рекордот по вкупниот број на одиграни престави на месечно ниво – минатиот месец, ноември, сме одиграле неверојатни 37 претстави.“
Овој резултат повлекува рушење и на некои други рекорди, малку во шега пред некој ден кажав дека сме станале како Лео Меси кој исто така во својата категорија руши рекорди, значи сме го срушиле рекордот по вкупниот број на одиграни престави на месечно ниво – минатиот месец, ноември, сме одиграле неверојатни 37 претстави.
Драган Довлев, актер и директор на Театарот за деца и младинци.


Довлев истакнува дека нивните очекувања се годинава да оперираат со бројка од 20.000 продадени билети, што значи зголемување од 20 отсто, а како причини за тоа ги издвојува ентузијазмот на вработените, новите вработувања (примени се четири нови актери и уште еден „паушалец“) и политиката на отворени врати за соработка со сите чинители на општествено-културниот живот во Република Македонија. Како пример за ова тој ја наведува претставата „Цветната улица“, всушност еколошкиот проект финансиран од Канцеларијата на Европската унија.

„За една полусезона „Цветната улица“ е изиграна четириесеттина пати што е одличен резултат. Обично 40 пати претстава се игра во две години. “

Од Театарот за деца и младинци истакнуваат дека поучени од таквите искуства и натаму имаат намера покрај претставите што ќе бидат финансирани од буџетот како дел од редовниот репертоар наново да бидат ангажирани во спонзорирани проекти и дека веќе за догодина имаат најави од две фирми кои целосно би финансирале две нови театарски пиеси. Згора на тоа интересен е и податокот дека актерите од овој Театар во текот на изминатиот едногодишен период одржаа три хуманитарни претстави, дека на 25 декември ќе ја играат„Рекламна бајка“ за децата со инвалидитет и дека во средината на јануари ќе ги анимираат и најмладите од Дневниот центар за згрижување на деца-питачи.

Инаку, во Театарот за деца и младинци течат подготовките за последната годинешна претстава „Грдото пајче“ чија премиера е закажана за 20-ти овој месец, а како своја се уште неостварена желба го имаат и првиот Меѓународен детски театарски фестивал чие проектирано име е КИДС и за кој покрај Истанбул, Дубровник и Скопје недостига уште еден од трите града – Корча од Албанија, Крагуевац од Србија или Крањ во Словенија.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG