Достапни линкови

Девет лица повредени во насилства во Каиро


Во насилствата во Каиро меѓу подржувачите на Претседателот Мохамед Морси и опозицијата се повредени 9 лица. Ова се случува додека двете страни се готват на протести и контра протести, најавени во врска со контроверзниот референдум за новиот устав за кој опозицијата бара одложување.
Војската во Египет е овластена со полицијата да ја одржува безбедноста и може да апси цивили. Нацрт уставот, е составен од исламските партии кои доминираат во собранието. Опозицијата и групите за човекови права сметаат дека со него не се гарантираат основните слободи и заштитата на жените и малцинствата.
XS
SM
MD
LG