Достапни линкови

Самит на поранешните советски републики во Туркменистан


Лидерите на земјите од Заедницата на независни држави (ЗНД) ќе учествуваат на самитот во Ашхабад, главниот град на Туркменистан. На средбата се очекува да се разговара за зајакнување на економската и безбедносната соработка меѓу 11 учеснички земји-членки на ЗНД. Тоа ќе биде втора посета на претседателот Владимир Путин надвор од Русија оваа недела, по посетата на Турција во понеделникот. Во меѓувреме, Кремљ ги отфрли извештаите дека 60-годишниот Путин страда од сериозен здравствен проблем. Министерство за надворешни работи на Киргистан соопшти дека претседателот Алмазбех Атамбаев нема да присуствува на самитот на групата поранешните советски републики, бидејќи бил презафатен со работа.
XS
SM
MD
LG