Достапни линкови

Најавени масовни протести на опозицијата во Египет


Архивска фотографија: Протести против претседателот Мохамед Морси на плоштадот Тахрир во Каиро. Демонстрантите носат фотографија на поранешниот египетски претседател Гамал Абдел Насер.

Архивска фотографија: Протести против претседателот Мохамед Морси на плоштадот Тахрир во Каиро. Демонстрантите носат фотографија на поранешниот египетски претседател Гамал Абдел Насер.

Египетската опозиција за денеска планира масовни собири и штрајкови во знак на протест против новиот нацрт-Устав и против Декретот на египетскиот претседател Мохамед Морси со кој тој добива речиси неограничени овластувања. Опозицијата жестоко реагираше на најавата на Морси дека на 15 декември ќе се одржи референдум за нацрт-Уставот кој минатата недела беше набрзина донесен од Собранието во кое мнозинство имаат токму исламистите што го поддржуваат египетскиот претседател.

Нацрт-уставот е на мета на критики зашто не ги заштитува правата на жените и на малцинствата.

Морси рече дека прво треба да биде ратификуван Уставот за тој да може да го повлече Декретот од 22 ноември, според кој неговите одлуки не подлежат на преиспитување од никого, па ни од уставниот суд.

Иако прво жестоко се спротивставија на Декретот, во знак на соработка со претседателот, врховното египетско судско тело вчера соопшти дека ќе назначи судии да го набљудуваат референдумот за Уставот и не ги прифати повиците за бојкот на гласањето.
XS
SM
MD
LG