Достапни линкови

Билт со поддршка за преговори со Македонија


Шефот на шведската дипломатија Карл Билт

Шефот на шведската дипломатија Карл Билт

Шефот на шведската дипломатија Карл Билт во Вашингтон изјавил дека неговата земја ќе го поддржи барањето на Македонија за отворање на преговори за членство во Европската унија на претстојниот Европски совет. Тој , како што јавува МИА, позитивно одговорил на прашањето дали Шведска го поддржува отворањето на преговорите, согласно препораката на Европската комисија, и без да се реши спорот за името со Грција. Билт и поранешниот американски советник за национална безбедност Збигњев Бжежински во Центарот за стратегиски и меѓународни студии во Вашингтон зборуваа за можностите Соединетите држави и Европската унија да за формираат заедничка реална глобална стратегија.
XS
SM
MD
LG