Достапни линкови

Вељановски ја испрати Пападополу


Проштална средба на претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски со грчката амбасадорка Александра Пападопулу

Проштална средба на претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски со грчката амбасадорка Александра Пападопулу

Претседателот на Собранието Трајко Вељановски денеска во проштална посета ја прими амбасадорката на Грција во земјава Александра Пападополу.
Во соопштението од неговиот кабинет е наведено дека на средбата зборувале за меѓународоната соработка и за потребата да се решат отворените прашања.
Вељаноски изразил жалење што не се остварува соработка на парламентарно ниво, и дека се надева оти во брзо време таа ќе биде воспоставена.
Амбасадорката Пападополу, која е речиси шест години ја извршуваше функцијата во Македонија, потенцирала дека меѓу граѓаните на двете земји, како и меѓу бизнисмените не постојат пречки во комуникациите и соработката.
Новиот амбасадор на Грција во Македонија се очекува
должноста да ја преземе на почетокот на јануари 2013 година.
XS
SM
MD
LG