Достапни линкови

Кинеската комунистичка партија наседна на „Онион“


Кинеската комунистичка партија во својот официјален весник ја објави сторијата на сатитичниот американски сајт Онио дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун е најсекси маж на светот. Весникот ги цитираше сајтот кој Јонг Ун го опиша како човек со „ неодоливо убаво, тркалезно лице, младешки шарм , силна и цврста градба, кој е сон за секоја девојка.“ Покрај ваквиот цитат објавени се и 55 фотографии од севернокорејскиот лидер. Сторијата во Онион е насловена како „ Најсекси маж во светот за 2012 година според Онион. Во септември иранската државна новинската агенција Фарс објави сатирична сторија од Онион како вистиска според која е спроведена анкета во која американсци од рурални средини попрво би гласале за претседател за Махмуд Ахмадинеџад отколку за Барак Обама.
XS
SM
MD
LG