Достапни линкови

Хамас ги поддржува палестинските обиди за повисок статус во ОН


Лидерот на Хамас во егзил Калед Мешал ги поддржа обидите на палестинското раководство за повисок статус во Обеднинетите Нации. Во соопштението на Хамас е наведено дека политичкиот шеф на Хамас во телефонски разговор го информирал палестинскиот претседател Махмуд Абас за неговата поддршка. Во четврток Обединетите Нации ќе разговараат за можноста да се надгради за еден степен статусот на палстинците кои имаат улога на набљудувач во ОН. Хамас претходно се противеше на обидот на ОН затоа што тоа сметаа дека тоа значи да се бара дирекно признавање од Израел. Потегот на Мешал е последен во обидите да се подобрат односите меѓу палестинските политички ривали. Абас е лидер на Западниот брег додека Хамас го има под контрола Појасот Газа каде што се водеше 8 дневен конфликт меѓу палестинските милитансти и Израелците.
XS
SM
MD
LG