Достапни линкови

Морси го смени јавниот египетски обвинител


Египетскиот претседател Мухамед Морси го смени од функција досегашниот обвинител Абдел Махмуд кој на тоа работно место е од времето на владеењето на Хосни Мубарак. Пред еден месец Морси се повлече од обидот да го отпушти обвинителот, по што се донесоа уставни измени со кои му е овоможено да го постигне тоа. Откако Морси седна во претседателската фотелја во јуни побара од обвинителството да се спроведе нова истрага за смртта на демонстрантите кои се бореа на египетските улици за симнување од власт на долгогодишниот владетел Мубарак.
XS
SM
MD
LG