Достапни линкови

Нимиц побара да бидат сфатени сериозно новите предлози


Медијаторот во спорот за името Метју Нимиц денеска им предложил неколку нови идеи за постигнување конечно и взаемно прифатливо решение на спорот за името на македонскиот и грчкиот преговарач Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Тој по средбата со нив во Њујорк, изрази надеж дека двете земји ќе ги сфатат сериозно предлозите и можеби ќе ја искористат оваа шанса да се фатат во костец со овој сложен проблем. Нимиц изјави дека лидерите на двете земји мора да препознаат дека ова е нивна одговорност и дека целиот свет ги гледа. Тој на прес конференцијата не даде повеќе детали за предлозите кои им ги доставил на преговарачите. Јолевски изјави дека Македонија останува посветена на процесот за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение кое ќе го заштити идентитетот и достоинството на македонскиот народ и ќе биде согласно меѓународното право и меѓународните договори. Василакис изјави дека Грција ќе продолжи да прави се што може за да се најде конечно решение на спорот за името, што ќе биде од полза за двете земји.
XS
SM
MD
LG