Достапни линкови

Попоски:Прерано е да се коментира за преговорите во Њујорк


Прерано е и неблагодарно е да излеземе со коментар за средбите на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите од Македонија и Грција, изјави денеска шефот на дипломатијата Никола Попоски. Тој додаде дека е потребно да му овозможат најдобри можни услови на Нимиц да ја изврши својата работа, а по средбите откако ќе се приберат сите инфомации ќе излезе со негово видување. Денеска во Њујорк се одбива новата рунда разговори за прашањето за името на медијаторот Нимиц со претставниците на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.
XS
SM
MD
LG