Достапни линкови

Дачиќ:Србија не смее да потоне во самоизолација


Српскиот премиер Ивица Дачиќ денеска изјави дека Србија не смее да потоне во колектива параноја и самоизолација поради ослободувачката пресуда на Хашкиот Трибунал на хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач за обвиненијата за прогон на Србите од Книн.
Тој изјави дека Србите сега не треба да се сожалуваат како Калимеро или да си пукаат во глава затоа што, како што вели, меѓународната заедница е неправедна.
Тој додаде дека не може да разбере само како некои жртви од војната во 90-тите години од минатиот век за некого се бевредни. Дачиќ изјави дека пресудата на Хашкиот суд го врати Балканот во 90-тите години од минатиот век.
XS
SM
MD
LG