Достапни линкови

Британија со предупредување до Израел


Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг го предупреди Израел дека доколку пристапи кон копнена воена интервенција во Појасот Газа може да ја загрози меѓународната поддршка што ја ужива и дека отвара можност во конфликтот да се вклучи Иран со набавка на оружје за Хамас.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека израелската војска е подготвена за значително проширување на воената операција кон Газа против Хамас.
Хејг истакна дека копнена инвазија може да предизвика продлабочување на конфликотот и зголемување на бројот на жртви.
Според досегашните информации загинаа над 55 Палестинци и 3 Израелци, а над 400 палестински цивили се ранети.
XS
SM
MD
LG