Достапни линкови

Бесими:Нема загинати македонски војници во Кабул


Ниту еден од македонските мировници во Авганистан не е повреден при денешениот ракетен напад врз Кабул. Министерот за одбрана, Фатмир Бесими денеска изјави дека министерството и Генералштабот контактирале со македонските војници кои се во Авганистан и добиле уверување дека се здрави и живи и дека продолжуваат со извршување на нивните задачи за обезбедување на командата на меѓународната мисија ИСАФ. Станува збор за ракетен напад со 4 ракети кои паднале во близина на базата во која се сместени македонските војници кои учествуваат во силите на ИСАФ. Според првичните информации при нападот еден 28 годишен војник е убиен, а тројца се ранети од распрснувачката моќ на шрапнелите при експлозиите.
XS
SM
MD
LG