Достапни линкови

Ставревски: Владата нема да дозволи одлив на кредити кон Грција


Вицепремиерот Зоран Ставревски денеска изјави дека владата нема да дозволи македонскиот капитал да се прелее во друга земја, вклучително и Грција. Тој објасни дека Владата нема да дозволи банкарскиот капитал, односно кредити што грчките фирми во Македонија ги добиваат од банките да бидат извор на средства за позајмици на истите фирми во Грција. Ставревски истакна дека Народната банка побара од банките да издвојат поголеми резервации за таквите пласмани, затоа што станува збор за пласмани за компании кои тие средства ги пренесуваат во држава со низок кредитен рејтинг а со тоа се зголемува ризикот за банката за потенцијални загуби.
XS
SM
MD
LG