Достапни линкови

Услугите на „Гугл“ блокирани во Кина


Компанијата „Гугл“ објави дека нејзините услуги како и други интернет страници биле блокирани во Кина во петокот при што додаде и дека не биле пронајдени никакви системски грешки кои би довеле до прекин на услугите. Прекинот се случил во периодот кога Комунистичката партија на Кина го одржуваше конгресот на кој ги објави новите лидери на партијата и на државата. Во 2010 година „Гугл“ објави дека нема повеќе да ги цензурира своите содржини во Кина. Оттогаш, услугите на компанијата во Кина беа периодично блокирани.
XS
SM
MD
LG