Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со обвинувањата си прави алиби


На обвинувањата на СДСМ за обид на власта на нов начин да ги фалсификува идните избори со манупулации со лични карти денеска реагираше ВМРО-ДПМНЕ. Во нивното писмено соопштение е наведено дека СДСМ се обидува да изнајде алиби за, како што велат, очигледниот пораз кој ќе го доживеат на престојните локални избори. Во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ е наведено дека сите забелешки на ОБСЕ и ОДИХР за изборниот процес за нив се прифатливи освен неразумните барања на СДСМ. Како пример за тоа во реакцијата е наведено дека СДСМ бара Владата ниту да работи, ниту да се појавува на телевизија три месеци пред изборите, за тие да можат да се надеваат на успех.
XS
SM
MD
LG