Достапни линкови

logo-print

Отворен евро-азискиот економски самит во Лаос


Laos -- European Commission President Jose Manuel Barroso arrives for the opening ceremony for the ASEM Summit in Vientiane, 05Nov2012

Laos -- European Commission President Jose Manuel Barroso arrives for the opening ceremony for the ASEM Summit in Vientiane, 05Nov2012

Отворен е дводневниот самит во Лаос каде што лидерите на ЕУ и Азија разговараат за трговијата меѓу двата континента. Претседателот на европскиот Совет Херман вон Ромпуј изјави дека ЕУ преговара со неколку азиски земји за подобрување на трговската размена со потпишување на договори за слободна трговија. Пакистанскиот премиер Раја Первез Ашраф изјави дека дека Азија и Европа во изминативе години поминуваат низ економска криза и дека е време да извлечат поуки од последиците со кои се справуваат. Тој додаде дека економијата на многу земји е загрозена од кризните турбуленции со кои се соочуваат. Кинескиот премиер Вен Џиабао изјави дека на економските институции им е потребно чист и цврст план за справување со европската должничка криза. На самитот учествува и рускиот премиер Дмитриј Медведев.
XS
SM
MD
LG