Достапни линкови

Сиријските бунтовници вршеле воени злосторства


Портпаролот на Високиот комесаријат на ОН за човекови права Руперт Колвил изјави дека видеото на кое е снимено како сиријски бунтовници егзекутират војници би можело да биде доказ за воени злосторства. На аматерската снимка постирана денеска на Јутјуб се гледа како бунтовниците тепаат десетина војници пред да ги стрелаат. Амнести интернешнал и Сиријската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, ги осудија егезкутирањата. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон предупреди дека исламистички радикали се обидувале, како што рече, „да го грабнат“ сиријското востание како нивно.
XS
SM
MD
LG