Достапни линкови

Клинтон и Ештон го повикаа Иран на преговори


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон го повика повторно Иран на сериозни разговори околу нуклеарната програма истакнувајќи дека поканата не е отворена неограничено. Таа на заедничката конференција во Сараево со еврокомесарот за надворешна политика Кетрин Ештон изрази надеж дека Техеран ќе ги стартува сериозните преговори за ова прашање. Ештон изјави дека минатата недела европски претставници имале средба со иранскиот преговарач Саед Џалили и дека таа неделава планира лично да се сретне со него. До сега беа оддржани неколку рудни преговори, но без прогрес. Западните земји се сомневаат дека целта на иранската програма е производство на нуклеарно оружје додека Техеран тоа го негира.
XS
SM
MD
LG