Достапни линкови

Административците со електронски картички ќе одат на лекар


Наместо со сини картони и здравствена книшка, административците од 1-ви ноември на лекар ќе одат со електронски картички. Како што информираа од Фондот за здравство, досега на граѓаните им биле поделени 65.000 здравствени картички, и тоа на вработени во 1.300 државни и јавни институции, како и на членови на нивните семејства. Треба да се поделат уште 133.000 такви картички, исто така на вработени во јавни и државни институции. До средината на наредната година се очекува вакви здравствени картички да им бидат доделени на сите граѓани што се здравствено осигурени.
XS
SM
MD
LG