Достапни линкови

Во експлозијата во Бејрут, загинал и шефот на либанските разузнавачи


Во денешната експлозија на автомобил бомба во Бејрут бил убиен и шефот разузнавачката служба на либанските сили за внатрешна безбедност Вишам ал Хасан. Тој му бил близок соработник на лидерот на опозицијата која не го поддржува режимот на претседателот Башар ал Асад во соседната Сирија. Либанската агенција АНИ јави дека во денешната експлозија на автомобил бомба загинале најмалку осум луѓе, додека околу 80 други биле ранети.
XS
SM
MD
LG