Достапни линкови

Хаг: Не се обидуваме да го смениме режимот во Иран


Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хаг денеска изјави дека Британија не бара промена на режимот во Иран со санкциите кои се наметнати на Техеран поради нуклеарната програма. Тој за РСЕ изјави дека правото да го сменат лидерот на својата земја го имаат иранските граѓани. Хаг додаде дека проблемот со Иран веќе стана „итна криза “ што треба да се реши. Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху изјави дека Техеран може да ја премине „црвената линија“ со стекнувањето на способноста да произведат нуклеарно оружје.
Израел и Западните земји се сомневаат дека Иран се обидува да произведе нуклеарно оружје. Техеран тоа го негира и тврди дека намената на нејзината нуклеарна програма е за мирољубиви цели.
XS
SM
MD
LG