Достапни линкови

Турција и се закани на Сирија


Турција ќе одговори без колебање, ако нејзината граница со Сирија повторно биде нарушена, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу. Турските вооружени сили, од минатата недела, неколку пати гаѓаа цели во Сирија, откако неколку гранати, истрелани од сириска територија, паднаа во Турција, и притоа предупредија дека ќе дадат посилен одговор ако ваквата состојба продолжи. На 3 октомври граната, истрелана од сириска страна, уништи станбена зграда во турскиот пограничен град Акчакале, при што загинаа пет цивили а 13 беа ранети.
XS
SM
MD
LG