Достапни линкови

Обама и Ромни се подготвуваат за вториот тв дуел


Во очи втората предизборна телевизиска дебата закажана за следниот вторник, републиканскиот кандидат Мит Ромни ја критикува надворешната политика на Белата куќа, додека пак претседателот Барак Обама ги потенцира заслугите на неговата администрација за оживување на автомобилската индустрија. И двата кандидата посакуваат победа во Охајо, која заедно со Флорида се смета за клучна држава за победа на претстаојните претседателски избори.
Спасувањето на големата тројка на американската автомобилска индустрија, Форд, Крајслер и Џенерал Моторс беше значајно за Охајо, каде што се произведуваат автоделови.
Своевремено Ромни се противеше на доделувањето финансиска помош на овие компании. На крајот од кампањата, републиканците го критикуваат Обама за односот кон терористичките напади на американскиот конзулат во Либија и наводниот игнорантски однос на барањето на амбасадата за засилено обезбедување.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Обама има тесно водство во Охајо и покрај неговиот пораз во првата телевизиска дебата.
XS
SM
MD
LG