Достапни линкови

Турција побара меѓународната акција во Сирија


Турскиот претседател Абдула Ѓул денеска изјави дека „најлошите сценарија“ во Сирија веќе се случуваат и меѓународната заедница мора да реагира. Тој додаде дека Анкара ќе продолжи да прави се што е потребно за да ги заштити своите граници. Кометарите на Ѓул доаѓаат откако турската војска 6 дена по ред возвраќа на пограничниот напад од Сирија. Турската армија возврати денеска со гранатирање на сириска територија откако граната испукана од сириска страна падна во провинцијата Хатај на турската страна од границата.
Турција го зајакна военото присуство долж 900 километарската граница со Сирија во последниве неколку дена.
XS
SM
MD
LG