Достапни линкови

Над 56 отсто одѕив на локалните избори во БиХ


На вчерашните локални избори во Босна и Херцеговина гласале 56,36 отсто од регистрираните избирачи. Одѕивот во Босанско-хрватската федерација бил 54,79 отсто, во Република Српска 59,18 отсто, а во дистриктот Брчко 51,57 отсто. Претседателот на Централната изборна комисија Бранко Петриќ изјави дека изборните штабови на политичките партии ги обработуваат изборните резултати на примерен начин и дека она што го објавуваат медиумите е „помалку или повеќе точно“, но дека тие оцени понекогаш нема да се совпаднат со конечните резултати на изборната комисија.
XS
SM
MD
LG