Достапни линкови

Грчките цариници ќе штрајкуваат, премините со Македонија затворени


Македонско-грчката граница.

Македонско-грчката граница.

Грчката царинска управа утре во 6 часот изутрина ќе стапи во штрајк што ќе трае до сабота во исто време.
Од МВР информираат дека на сите три гранични премини (Богородица, Стар Дојран и Меџитлија) ќе се пропуштаат само итни случаи.
Грчките цариници усно им ја соопштиле на македонските полицајци информцијата за штрајкот. МВР чека и писмена потврда на најавата за штрајк и блокада на граничните премини кон соседна Грција.
XS
SM
MD
LG