Достапни линкови

logo-print

Во Македонија уште два случаја на западнонилска треска


Потврдени се уште два позитивни случаја на западнонилска треска, информира денеска раководителот на Секторот за превентивна здравствена заштита Јованка Костовска.

„Се работи за пациентка на возраст од 84 години, сместена на Клиниката за инфективни болести и за дете на возраст од околу две години, сместено на Клиниката за детски болести. И двата пациента не патувале надвор од Македонија“, изјави раководителот Костовска.

Во Македонија досега се евидентирани петмина заболени од западнонилска треска, од кои еден почина.
XS
SM
MD
LG