Достапни линкови

logo-print

Шпигел: „Црната дупка“ во буџетот на Грција изнесува 20 милијарди евра


„Црната дупка“ во буџетот на Грција изнесува 20 милијарди евра, тврди германскиот весник Шпигел. Во него е надеведено дека според податтоците од меѓунардоните кредитори на Грција, оваа сума е двојно поголема од првичните пресметки. Грција ќе може да ја добие следната транша од финансиската помош, само ако го покрие овој дефицит, пишува германски Шпигел. Од јуни Грција чека транша, во вредност од околу 31 милијарди евра, додека истовремено во земјата рецесијата е поголема од прогнозираното.
XS
SM
MD
LG